Олга Даниловиќ, ќерка на легандарниот српски кошаркар Предраг Даниловиќ е најнова сензација во светот на женскиот тенис. 17-годишна тенисерка имаше неверојатно преставување во светски рамки, откако победи на ВТА турнирот во Москва.
Даниловиќ во финалето во два сетови (7-5, 6-7, 6-4) за два часа и 19 минути игра ја совлада домашна тенисерка Анастасија Потапова и стигна до првиот трофеј во кариерата. Иначе, перспективната тенисерка учество на ВТА турнирот избори како „среќна губитначка“ во квалификациите.
За победата на турнирот Олга ќе инкасира 750 000 долари, а сигурно подраго ќе и биде промовирањето во светскиот тенис и скокот од 75 места на ВТА листата.
OhridNews