Двајцата олимпијци кои со покани ќе настапат на Олипмписките игри во Лондон, Христијан Ефремов и Христина Ристеска во Охрид ќе се подготвуваат за што подобар настап.


Ателтичарите под водство на своите тренери Ѓорѓи Вучков, односно Александра Војнеска ќе тренираат на атлетската патека при СРЦ Атина Бојаџи.


Случајно или не и двајцата атлетичари во Лондон ќе се натпреваруваат на трките на 400.

М.П.