Францускиот клуб Олимпик Марсеј не му го прости инцидентот на Патрис Евра кој удри навивач пред почетокот на натпреварот во Лигата на Европа. Клубот му го раскина договорот на Евра после вондредното собрание кое го одржаа челниците на Олимпик Марсеј.

Евра нема да се соочи само со оваа последица, туку ќе има уште неколку, откако УЕФА најави дисциплинска постапка, а приватна тужба најави и удрениот навивач.

– Вината на Евра нема да ја намали несовесната реакција на група навивачи која директно сакаше да му наштети на екипата пред важниот меч во Лигата на Европа. Однесувањето на Евра не е прифатливо, бидејќи се работи пред се` за искусен фудбалер и голем професионалист. Ние веќе отворивме истрага која ќе докаже што и како точно се случуваше, бидејќи ваквите случки го нарушуваат нашиог углед во светски рамки. – стои во соопштението од Олимпик Марсеј. 

Во минатото на ваков сличен со навивач од противничкиот табор се пресмета Ерик Кантона. Тогаш, Французинот беше суспендиран седум месеци од сите натпреварувања, а слична судбина наверојатно го очекува и Евра.

OhridNews