Фудбалерите на Рома во втората рунда од калчолигата на својот стадион Олимпико со 2-1 го совладаа актуелниот италијански првак Јувентус.
Мрежите покрај големата борба мируваа во првиот дел, а трите погодоци паднаа во вториот. „Волчицата“ со голот на Миралем Пјаниќ во 61-та минута поведе со 1-0.
Рубињо ги зголеми главоболките на „старата дама“ во 66-та минута добивајќи директен црвен картон поради …
Јувентус после десет минути остана со уште еден фудбалер помалку откако Патрис Евра заработи втор жолт, автоматски црвен картон.
Бројчната надмоќност на теренот „џалоросите“ ја капитализираа веднаш со погодокот на Един Џеко кој го дуплираше водството.
Поразот во 88-та минута го ублажи Пабло Дибала кој го постигна дебитанскиот погодок во дресот на „бјанконерите“.
Мх.П.