Не помина многу време кога Олимпико плачеше за повлекувањето на Франческо Тоти, а навивачите на Рома ги очекува нов емоционален момент. Клубот од Рим најави дека оваа сезона ќе биде последна, а натпреварот со Парма последен за Де Роси на домашен терен.

Де Роси целата кариера ја помина во Рома и ги следеше стапките на својот идол и долгогодишен соиграч Франческо Тоти. 35-годишниот член на италијанскиот калчолигаш е еден од последните играчи во модерниот фудбал кои покажаа верност до крај на својот матичен клуб.

Де Роси со Рома успеа да освои три титули. Две во Купот на Италија и една во Супер купот на Италија, но со „азурите“ го достигна врвот триумфирајќи на Светското првенство во Германија 2006 година.

Италијанските медиуми јавуваат дека „џалоросите“ му подготвуваат неверојатно збогум на Де Роси, кој животот му го посвети само на Рома.

OhridNews