Некогаш најдобриот чувар на мрежата во Европа, Петер Чех е пред портите на италијанскиот калчолигаш Рома.
Чешкиот репрезентативец го загуби првотимскиот статус во Челси откако на Стемфорд Бриџ пристна Тибо Куртоа од Атлетико Мадрид.
Менаџерот на „сините“ Жозе Мурињо демантираше дека Чех ќе замине, но италијанските медиуми пренесуваат оти договорот меѓу фудбалерот и Рома е завршена работа.
Тој „сините“ ги засили во 2004 година од француски Рен, а претходно бранеше во Спарта Прага и Чмел.
Мх.П.