Поранешниот Олимпискиот шампион и светски рекордер во 50 метри слободно, Флорент Манаудо пливањето ќе го замени со ракомет.
Причина за повлекувањето од пливањето, носителот на златен медал во Лондон 2012 година навел не уживањето во базенот и наоѓање на друг предизвик во спортот.
25-годишниот Манаудо потпишал аматарески договор со Аикс Провинсе и на клубот ќе му се приклучи во најбрз можен рок.
Флорент, е помал брат на Лаура Манаудо која на Олимпијадата во Атина 2004 година го освои златниот медал на 400 метри слободно и се повлече од пливање на 26 години.
Покрај олимпиското злато, Флорент три пати во базените го освојуваше златното одличје на светските првенства и три пати на европските шампионати.
OhridNews