Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ ги заврши настапите на Олимписките игри во Рио. Прво беше елиминиран во сингл, а сега и во парови.


Ѓоковиќ и неговиот партнер Ненад Зимоњиќ претрпеа пораз во два сетови (6-4, 6-4) од домашните тенисер Марсело Мело и Бруно Суарез.

Во сингл на Ѓоковиќ му пресуди аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро кој го победи и фрли во очај српскиот тенисер.

Веднаш после елиминацијата на официјалната прес конференција Ѓоковиќ изјави дека ќе одмара до УС Опен гренд слем турнирот во Америка.

OhridNews