Охридскиот фудбалски клуб со активно темпо ја комплетира екипата за сезоната која доаѓа во Втората македонска фудбалска лига-запад. Нови имиња во ростерот на Охрид се чуварот на мрежата Оливер Митрески и младинецот Оливер Дишлиевски.

За Митрески ова е кам бек во Охрид. Тој минатата сезона ја започна во дресот на Охрид, но пред крајот на летниот преоден рок оствари трансфер во Лабуништа каде и ја заврши сезоната. Охрид со доведувањето на Митрески го комплетира голманскиот ростер. Претходно во клубот пристигна Никола Симоновски а договорот го продолжи Стефан Ташкоски.

21-годишниот Дишлиевски кој потекнува од охридскиот огранок на фудбалска школа Академија Пандев, екипата на Охрид ќе ја засили од второлигашот, Скопје. Офанзивниот Дишлиевски може да биде полн погодок за охридските бели бидејќи се работи за квалитетен фудбалер кој младинските категории ги помина во Вардар.

Со доведувањето на Митрески и Дишлиевски, Охрид стигна до пет засилувања во летниот преоден рок. Нови играчи се уште Фатмир Ариф, Един Мерсовски, Никола Симоновски.

OhridNews