Според америкаснките медиуми, Оливија Вајлд е најсериозниот кандидат да ја замени Анџелина Џоли во третото продолжение на серијалот „Томб Рајдер“. Бидејќи Џоли претходно ја одбила понудата повторно да се најде во улограта на Лара Крофт, продуцентите тргнале во потрага за друга актерка, а во прв план избила Оливија, која според многу претставува идеален избор за улогата.
Продуцентите за филмот покрај добра замена за Џоли сакаат да обезбедат интересно сценарио и врвен режисер како фимот би постигнал огромен успех. Конкурентки на Оливија се уште и Меган Фокс, која неколку пати изјавила дека не сака да ја споредуваат со Анџелина Џоли, како и Ванеса Хаџенс.