
“Македонија треба веднаш да се повлече од привремената спогодба на ОН, која Грција ја прекрши во 2008 за време на НАТО самитот во Букурешт, делувајќи несоседски, и време е да се стават во мирување аспирациите кон ЕУ и НАТО додека овие организации повторно не си ги применат своите вредности и да не признаат нас како Македонци без додавки, придавки, или ѕвездички,”Време е нашиот сосед да им се приклучи на сите други држави во 21виот век и да ја прифати реалноста дека сме Македонци.” – велат од ОМД.
Од ОМД истакнуваат дека збунува зошто македонската власт и опозиција не можат да се помират со фактот дека таканаречениот и грчки измислен “спор за името” никогаш не бил за името, туку е за идентитетот на македонскиот народ и најави дека ќе направи се да се оневозможи каква било промена на името.
OhridNews











