Тренерот на Вардар, Илчо Ѓоргиовски остана сам во трката за прв човек на фудбалската федерација на Македонија откако Масер Омераѓиќ се повлече.


На пресконференција Масер Омераѓиќ образложи дека се повлекува за добро на македонскиот фудбал и дека негова сатисфакција било рушењето на Харалампие Хаџи Ристески од функцијата.

Вондредното собрание на ФФМ е закажано за 29 јули в недела во хотелот “Инекс Горица“.

Мх.П.