Милиони луѓе секојдневно конзумираат засладени пијалоци, од газирани сокови до чаеви или овошни шејкови. Според најновите истражувања на американската академија за неврологија, овие пијалоци можат да доведат до ризик од заболување од депресија. Луѓето кои пијат четири или повеќе чаши газирани пијалоци имаат 30 проценти поголеми шанси да добијат депресија од оние кои не пијат. Доколку, пак, внесување иста количина овошни шејкови, ризикот расте на 38 проценти.

Под најголем ризик, сепак, се оние кои пијат диетални пијалоци добиени по вештачки пат. Според некои претходни истражувања, вештачките засладувачи можат да го намалат серотонинот во мозокот кој е заслужен за доброто расположение. Од позитивна страна, овие истражувања довеле до тоа дека кафето може да го намали ризикот за добивање депресија. Луѓето кои пијат четири или повеќе кафиња на ден имаат десет проценти помалку шанси да бидат депресивни, бидејќи кофеинот го стимулира мозокот и така го намалува ризикиот.