Револт од бришењето на македонското малцинство од резолуцијата на нашиот источен сосед, изрази паратијата на Македонците во Бугарија, ОМО „Илинден“ – Пирин, преку декларација до Советот на Европа.

Како што истакнува претседателот на оваа партија, Стојко Стојков, аргументите за  бришењето на македонското и помачкото малцинсктво од резолуцијата, се цинични и неприфатливи.

Проблемот е во негирањето дека сме малцинство. Нашите писмени документи ќе докажат дека сме неприфатени и негирани. Како и да е, Бугарија ги крши рамковните конвенции, невработувајќи ги Македонците кои живеат во оваа земја.“ – истакнува Стојков.

Декларацијата најдоцна до следната недела, треба да биде испратена до Советот на Европа и другите релевантни институции во ЕУ.

OhridNews