Со средства собрани на хуманитарниот концерт кој се одржа за време на Глобалниот инвестициски самит во 2013 година во црквата „Св. Софија“, во организација на „Македонија 2025“, ќе се набават нови музички инструменти за потребите на охридското основно музичко училиште „Методи Патче“.

На концертот на кој настапија младите  музички таленти од училиштето беа собрани 5300 долари, кои на директорката Нина Момировска ќе и бидат врачени на 25- ти февруари во просториите на ОМУ „Методи Патче“.  

OhridNews