
– Бројот на странските терористи изнесува околу 30.000 во Сирија и Ирак, кои се зафатени од војна, истакна Жан-Пол Лаборде, помошник на генералниот секретар на ОН и началник на секторот за борба против тероризам.
Според него, со ослабување на Исламска држава, странските терористи се почесто се определуваат за враќање во своите домови во Европа, Тунис и Мароко.
Лаборде ги повика земјите во кои најчесто се враќаат терористите од Сирија и ирак да извршат „системски проверки, со цел да ги одвојат опасните повратници од оние кои не се тоа“.
OhridNews
Извор:„МИА“











