Телекомуникациската компанија ОНЕ е избрана за дигитален оператор што од јуни наредната година ќе треба да ги префрли сите национални и локални телевизиски станици на дигитална платформа.

Ова е епилогот од тендерот за дигитализација на Агенцијата за електронски комуникации, на кој единствено се пријавил ОНЕ.

Компанијата има рок од десет дена да ја уплати понудената цена од 300.001 евро. Доставена е и банкарска гаранција од милион евра, која ќе биде активирана доколку дигитализацијата не биде спроведена во предвидениот рок.

Националните телевизии за да добијат дигитален сигнал ќе треба да плаќаат по 150.000 евра годишно, а регионалните станици што треба да се формираат од сегашните локални станици, ќе плаќаат по 20.000 евра.

OhridNews
извор:„Макфакс“