Верниците кои постеле во текот на велигденските пости, за време на празникот треба да внесуваат полесни оброци и да не се прејадуваат. Медицинските лица советуваат да се избегнува масната и тешка храна, бидејќи таа може да ја наруши работата на дигестивниот систем.

-Познато е дека за Велигден се јаде јајца, јагнешко месо, калорични салати и слатки. Оние кои што посетеле 7 недели или во текот на последната недела од постот, мора постепено да внесуваат помало количество на масна храна и да не конзумираат големи оброци. Јајцата и месото се нутритивна бомба и можат да предизвикат дисбаланс во организмот кој може да доведе до сериозни здравствени нарушувања, па затоа препорачуваме со оброците да се конзумира повеќе  свежа салата како и овошје, советуваат  лекарите.

Според нив потребно е да се избегнува и внесот на големо количество на алкохолни пијалоци.

-И алкохолот може негативно да влијае врз оние лица кои се придржувале на велигденскиот пост. Бидејќи организмот е истоштен од постот, алкохолот може може да ја наруши работата на органите за варење и да влијае негативно на кардиоваскуларниот систем, односно да го зголеми крвниот притисок, предупредуваат лекарите.

Тие советуваат алкохолот да се конзумира по јадење и во исклучително ограничена количина.

Е.М