По повод денешниот празник 8-ми Септември и јубилејот 30 години независност на државата, ОО СДСМ, Охрид упати честитка до граѓаните.
Пред 30 години, со голема храброст и јасна желба го остваривме вековниот сон на нашите предци за слободна, независна и суверена држава. Денес сме горди што успеавме да изградиме демократска држава, меѓународно призната и почитувана. Продолжуваме заедно да чекориме по вистинскиот пат, за поголем напредок на сите полиња. Ги негуваме традициите, соживотот, социјалната правда и создаваме достоинствени услови за живот за сите генерации. – стои во честитката.

OhridNews











