ООУ „Св. Наум Охридски” од Пештани во свечена и празнична атмосфера го одбележа патрониот празник. На брегот на ова Свето Езеро каде времето се мери со милениуми, испишавме уште една импресивна и инспиративна приказна во чест на нашиот патрон Свети Наум Охридски Чудотворец, истакна во свеченото слово за просветителот и исцелител Свети Наум, директорката професор Валентина Рубаноска, потенцирајќи дека Свети Наум не бил само учител – бил патеводител, не бил само монах – бил градител и хуманист.

Чествувањата продолжија со Новогодишен базар на детска креативност и празнична магија од рачно изработени новогодишни украси со многу љубов и детска насмевка која инспирира подарок.
Одлично реализираниот проект не потсети на силата на знаењето, македонската традиција и духовната величина на нашиот Патрон, заштитник и закрилник потенцира директорката на училиштето, истакнувајќи ги деновите исполнети со гордост, заедништво и фантастична приказна со импресивен наслов “Убавино, насмевни се!”, кои долго ќе се раскажуваат.
OhridNews




















