ООУ „Свети Климент Охридски” Охрид со свечена програма утре ќе го одбележи патрониот празник. Во рамки на програмата во 19 часот во НУ „Центар за култура Григор Прличев”- Охрид ќе биде отворена ликовна изложба, додека свечената програма започнува во 19:30 часот.
Предвидено е обраќање на директорот на училиштето, бројни музички, драмски и литературни точки подготвени од страна на учениците и наставниците, како и доделување на награди и признанија за учениците кои биле најдобри.
На 8 декември предвидено е полагање на свежо цвеќе пред споменикот на Св. Климент Охридски во дворот на училиштето во 10 часот.
OhridNews













