„Кога тимски се работи и се има поддршка од раководството успехот е неминовен”. – вели наставничката по математика во основното
училиште „Кочо Рацин“, Силвана Крстеска, воедно и „еTwinning“ амбасадор во Македонија.
ОУ „Кочо Рацин“ е добитник на плакетата „eTwinning School“, а со тоа и официјално е признато на европско ниво како модел училиште за „eTwinning“ и официјално влегува во мрежата на водечки училишта кои служат како инспирација за идниот развој на образованието.
Што значи оваа плакета?
Сите училишта кои се прогласени за еТвининг училишта ги вградуваат вредностите на еТвининг во своите политики, практики и во
професионалниот развој на наставниците, со поддршка на училишното раководство. Сооваа ознака за еТвининг училиште, се препознати и вреднувани вклученоста, заложбата и посветеноста не само на индивидуалните наставници еТвинери, туку и на целото
училиште, каде тимови на наставници и училишни лидери работат заедно.
Мисијата на нашето училиште ги истакнува елементите како што се: заедничко лидерство, соработка и тимска работа, капацитет за делување на учениците, инклузија и иновација, претставување пример за другите училишта. Работата на eTwinning проектите, споделувањето добри практики, соработката и присуството на ексклузивни онлајн настани во изминатите години беше патоказот кој нѐ доведе до успешна реализација на повеќе од 50 проекти на различни теми, велат од училиштето.
Во текот на вчерашниот ден беше објавен списокот на добитници на „European Quality Label 2022“ а ОУ „Кочо Рацин“ има 13 Европски ознаки за квалитет за реализираните проекти во училиштето.
Оваа година сме добитници на седум Национални ознаки за квалитет за реализација на eTwinning проектите, за кои цврсто веруваме дека понатаму ќе бидат наградени со Европски ознаки за квалитет. Радува и фактот што сѐ повеќе наставници од училиштето се мотивираат и се вклучуваат на европската платформа, да работат на проекти и да соработуваат со наставници ширум Европа. – истакнуваат од ОУ „Кочо Рацин“, упатувајќи благодарност до родителите, како и до колегите од земјата кои добија вакво признание.
OhridNews