Опаѓањето на психолошкиот имунитет на младите и падот на емпатијата се едни од клучните фактори за зголемувањето на случаите на врсничкото насилство. Потребна е поголема емоционална писменост, но и заедничка вклученост на семејствата и институциите во справување со оваа проблематика. Ова беше потенцирано на денешната дебата „Црвен картон за врсничкото насилство“ во организација на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Охрид и општинскиот совет за превенција на детско престапништво при општина Охрид.

Академикот Љупчо Кеверески потенцираше дека врсничкото насилство е присутно бидејќи постојат општествени, институционални и индивидуални потреби и најчесто делуваме отпосле откако ќе настанат одредени случки.

Превенцијата треба да се работи во континуитет. Запоставување на одредни настани кои  се случуваат секојдневно, психолошкото маскирање и институционалната некоординација, како одредени факти присутни, а се во функција на превенција. Моја препорака е дека треба да се зајакне психолошкиот имунитет на младите, тоа значи да бидат поподготвени да се соочат со предизвиците секојдневно. И тоа што е поважно е парадоксот дека младите ги подготвуваме за иднина што е ментална фикција. Младите треба да ги подготвуваме за секогашноста. Од тие причини треба да се посвети повеќе внимание на развој на емоционалната интелегенција во училиштата. Неопходно е во училиштата да се се применет одредени техники меѓу кои и испитување на социјалната интеракција во одделението, посочи Кеверески.

За растот на врсничкото насилство, вели, секој на свој начин носиме одредена вина, затоа не е својствено да се лоцира некој, додавајќи дека тоа треба да го признаеме и да почнеме да ја менуваме реалноста.

Во сите можеме да лоцираме одредена вина, но не можеме да детектираме една институција како што е семејството, училиштето… Ако секоја на свој начин влијае дирекно и со своите механизми кои ги поседува секако дека ќе се намали врсничкото насилство. Но, несмееме да бидеме неми кон ситуации кои се случуваат. Недоволната координација меѓу институциите може да биде една од главните причини за овој феномен, додаде Кеверески.

Меѓуврсничкото насилство е сериозен проблем со кој се соочува целото нашето општетство оттука и нашиот регион Охрид, Струга и целото подрачје што го покрива СВР Охрид, истакна претседателот на ИПА и портапрол на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Нашата интенција беше на едно место да се соберат сите надлежни институции кои најдирекно се поврзани со оваа проблематика и се првиот филтер низ кои поминуваат овие дела сторени од малолетници. Според статистичките податоци на СВР Охрид на подрачјето на Охрид и Струга во текот на целата мината година и почетокот на 2025 до денес случени се 47 кривични прекршочни дела сторени од 29 малолетни лица. Во однос на прекршоците регистрирани се 34 извршители, малолетни лица, кои сториле 24 прекршочни дела. Сите пријавени нарушувања на јавниот ред и мир, насилство во делот на прекршоците и другите дела, како и сите пријавени кривични дела кои се поврзани со наркотици, насилство и меѓусебна физичка пресметка се санкционирани соодветно. Значајна е соработката со јавниот обвинител и адвокатите за малолетничка деликвенција, посочи Димоски.

Санкциите, додаде, кон малолетниците се согласно Кривичниот законик за сторени кривични дела поврзани со наротици, како и во однос на сторени прекршоци согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, како меѓусебна физичка пресметка, насилство, одредени нарушувања на јавниот ред и мир.

Овие бројки сами по себе кажуваат дека имаме рапиден скок на малолетници кои се сторители на кривични и прекршочни дела и тоа беше за нас аларм повеќе да ја реализираме оваа дебата. Преку денешната дебата треба да се запознаат сите чинители за новите приоди кои се применуваат во европските земји околу решавањето на проблематиката со врсничкото насилство и со насилствата сторени од малолетници, истакна Димоски.

Врсничкото насилство во училиштата веќе е пораспространет проблем и сметам дека од тие фази кои ги имавме како нивоа на насилство, прво, второ и трето, кои ни се дадени во програмите, се повеќе се јавуваат проблеми од врсничко насилство, вели Анастасија Настеска, психолог во ОУ „Григор Прличев“.

Вербалното насилство најчесто придонесува за понатаму да се продлабочи проблемот. Треба сите малку повеќе да поведеме сметка на емотивната страна кај децата. Физичкото насилство најчесто го гледаме, но треба да ставиме посебно акцент кај психичкото. Сметам дека емотивната повлеченост кај децата е таа која ја дознаваме во последните мигови. Како училишта имаме програми за врсничко насилство. Се повеќе гледаме дека во некои моменти се одалечуваат родителите од децата, за што придонесува целата социјално-економска состојба. Се повеќе им се верува на врсниците, отколку на родителите. Се повеќе се губи контактот за разговор меѓу децата и родителите. Децата кои се поизложени на потсмев наоѓаат начин и тие да се однесуваат недобро или се повлекуваат или прифаќаат начин да вратат. Оваа работа не е изолирана и може да трае подолго време. Со игнорирањето само моментално се спречува проблемот. Најголемиот проблем ни е невербата во системот, потенцира Настеска.

Децата, појаснува, врсничкото насилство го сметаат како шега, не чувствуваат дека некого повредуваат, за што посочува сите како институции треба заедно да дејствуваме.

По статистика врсничкото насилство почнува да се манифестира и на 4-5 годишна возраст. Со преминот од 5 во 6-то одделение каде почнуваат да пробуваат ризици, да покажат колку можат да бидат силни, додава.

Перчо Божиновски, претседател на Советот на општина Охрид посочи дека соработката на општина Охрид со сите институции вклучени во оваа проблематика е на високо ниво и секогаш стојат на располаѓање особено како Совет на општина Охрид каде се носат сите оние одлуки, а се во интерес на младите.

На дебата учествуваа полициски службеници од отсекот за превенција и инспектори за малолетничка деликвенција при СВР Охрид и ОВР Струга, претставници од општинскиот совет за превенција на детско престапништво, од секторите за образование од општините Охрид и Струга, наставници, педагози и психолози од образовните центри во Охрид и Струга, од основниот суд, адвокати за малолетници, од Центрите за социјални работи од Охрид и Струга, како и претставници од локалните младински совети и од Црвениот крст.

Н.С.Ј.

фото. А. Момироска