Според податоците на Државниот завод за статистика, на крајот на учебната 2011/2012 година, бројот на учениците е намален и во редовното основно и во средното образование.
 
Во редовните основни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2011/2012 година изнесува 197 859, што претставува намалување за 2.0 % во однос на претходната учебна година.

Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2011/2012 година изнесува 91 167, што претставува намалување за 1.8 % во однос на претходната учебна година.

OhridNews