Според последните мерења извршини вчера попладне нивото на Охридското Езеро опаднало за еден сантиметар и сега се наоѓа на 693,96 метри надморска височина, што е 21 сантиметар над максимално утврдената граница.

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, до крајот на седмицата не се предвидуваат врнежи од дожд и се очекува трендот на опаѓање на водостојот на Охридското Езеро да продолжи со истиот интензитет, соопшти Министерството за транспорт и врски.

OhridNews