Опаѓањето на косата се случува кога кај фоликулата каде што расте влакното, има прекин на крвотокот. Со тоа влакното не се храни доволно и тоа испаѓа. Со помош на биософт ласер се возобновува крвотокот, кој повторно ќе носи храна до тоа место. „Во нашиот центар доаѓале најразлични случаи, без разлика на возраста и полот. Некои имаат генетско опаѓање на косата, а кај некои се среќава алопецијата. Сепак после третманите, видливи резултати има кај сите категории на граѓани“ – информираат од „Дерма Лукс“.











