Жителите од улицата “„Дејан Војвода“, јавуваат за необична појава која се манифестира со повремени пецкања од струја во дворовите, металните огради и чешми во домовите.
Според нив се работи за опасен дефект на електричната мрежа, кој бил пријавен во ЕВН Македонија, од која било побарано итно санирање на проблемот.
Граѓаните приложија и слики од жичана ограда направени во саботата вечерта, на кои се гледаат усвитени жици. Tие стравуваат за безбедноста и очекуваат надлежните служби веднаш да го испитаат случајот и да го отстранат дефектот кој според нив може да биде опасен по живот.