Дел од регионалниот пат Охрид –Св. Стефан е во целосен мрак што сериозно ја загрозува безбедноста на возачите, но пред се на пешаците.
Не работат дваесетина улични светла на потегот од бензинската пумпа „Билјанини извори“ кон населбата Рача, каде има повеќе импровизирани премини кои пешаците ги користат за минување од едната на другата страна на коловозот на оваа прометна сообраќајница.
Возачите упатуваат апел до надлежните служби најитно да реагираат и да го оспособат уличното осветлување на патниот правец Охрид – Св. Стефан, каде до сега се имаат случено голем број сообраќајни несреќи. Токму лошата поставеност на светилките се смета за една од причините за честите сообраќајни несреќи на овој патен правец.
OhridNews