Металните капаци од електрични столбови се честа мета на охридските крадци. Жителите од населбата „Лескајца“ велат дека во изминативе денови имало обид за кражба на дел од заштитните капаци од електрични светилки во близина на детската градинка градинката „Јасна Ристеска“.

Тие апелираат до надлежните институции соодветно и навремено да реагираат, бидејќи овој потег е доста фрекфентен во текот на денот, а опасноста сериозна.

О.Т.