Известувачот на Европскиот парламент(ЕП) за визната либерализација, Тања Фајон, предупреди дека постои реална опасност поради зголемениот број на баратели на азил, следната година повторно да бидат воведени визи за граѓаните од западниот Балкан.

Фајон во интервју објасни дека во текот на ноември барања за азил поднеле вкупно 8.849 лица.

– Опасност постои. Се очекува дека сè повеќе граѓани да бараат азил. Ние во ЕП расправаме, заедно со владите на земјите-членки, за механизам за суспензија на безвизниот режим, изјави Фајон.

Кога тој механизам би се усвоил, објаснува Фајон, тогаш постои голема можност дека некои земји ќе бараат брза суспензија на безвизниот режим.

Фајон не прецизираше на кои земји прво би можело да им бидат вратени визите, но истакна дека Србија, Македонија и БиХ предничат по бројот на лажни азиланти.

OhridNews
Makfaks