По неодамнешната средба со претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, од ОПЕМ и Здружението на Египќани „Светла иднина 2009“ бараат средба и со премиерот Никола Груевски.

– Проблемите и суштинските потреби на граганите Египќани, како автохтона етничка заедница во мултиетничка Македонија, наметнуваат потреба од средба и со премиерот. Египќаните одсекогаш биле лојални граѓани во Република Македонија, но со недоследното применување на  Охридскиот Рамковен Договор, ниту еден Египќанец не вработен.  Извршната власт може , доколку има добра волја и практикува мултиетничка демократија, да им излезе во пресет на  Египќаните, кои се занемарени и се на маргините на севкупното општествено, културно, спортско живеење, вели Демир Далип од здружението „Светла иднина 2009“.

Тој изразува задоволство од остварената средба со претседателот Иванов за која вели дека била конструктивна, но нагласува дека за да се постигнат конкретни резултати потребна е поддршка и од Груевски.

OhridNews