На 11 мај Охрид ќе биде домаќин на финалето на Опен балкан купот и Меморијалниот боксерски турнир „Алексо Огненовски“.

Покровители на настанот се Боксерскиот сојуз на Србија и Општина Охрид.

Настанот ќе се одржи на атрактивна локација во центарот на градот, покрај Охридското Езеро, информира БК „Алексо Огненовски“.