Буенос Аирес – Леонардо Молина (29) се нашол на операциона маса во болница во едно мало аргентинско гратче, кога снемало струја.

Генераторот што требало да послужи како алтернативен извор на енергија не запалил па и операционата сала останала во темница. Хирурзите и анестезиологот немале избор освен да „соберат“ неколку мобилни телефони и под таква светлост да ја довршат операција на слепо црево.

Членови на семејството од пациентот тврдат дека докторите работеле без струја еден час, додека од болницата велат дека немало струја само 20-на минути.

С.К.