Во очи празникот на заштитникот на градот Св. Климент Охридски, ќе се одржи оперски рецитал „Од младите глас за Свети Климент и за спас”, на кој ќе настапат младите охридски музичари: Билјана Буџакоска- сопран, Стефани Дудуќ -сопран, Исабела Димовска -мецосопран, Дамјан Милески- пијано.
Настанот ќе се одржи на 7 август, четврток, во црквата Св. Богородица Перивлепта во стариот дел на Охрид, со почеток во 20:30 часот.