
– Сметаме дека е потребно не само потрошувачите, туку и бизнис субјектите, туристичките агенции, оператори и банки бидат запознаени со нивните права и обврски сето тоа во насока на почитување на правилата во стопанисувањето, почитување на правилата на потрошувачите и создавање на подобра конкурентска клима, рече Велкова.
Трибината која се одржа во организација на Организацијата за заштита на потрошувачите на Македонија, е дел од кампањата која се спроведува низ повеќе градови наземјата , со цел да изврши промоција на брошурите: Потрошувачите и нивните права при организирани туристички патувања, Кои се правата на потрошувачите во договорите за потрошувачки кредити и Нечесна пазарна пракса и како да ја препознаеме.












