Македонската кошаркарска репрезентација претрпе убедлив пораз од Порторико со 96-77(22-15, 29-16, 22-28, 23-18)  во првиот од двата пријателски меча, пред почетокот на предолимпискиот турнир во Каракас.


Пороториканците мечот го одлучија во првиот дел кога направија солидна предност 51-31, која успеа да ја одржи и во вториот дел.

Шестмина нивни кошаркари мечот го завршија со двоцифрен број на поени, од кои најпрецизен беше Галинсо со 15 поени.


Во македонскиот тим, најпрецизен беше Антиќ со 19 поени, додека Меккејлеб постигна 13, по 12 постигнаа Илиевски и Гечевски, десет уфрли В.Стојаноски.

Македонија ќе има уште една контрола со тимот на Порторико пред турнирот во Венецуела кој стартува на 2 јули во понеделник. Порторико кој исто така ќе игра во Каракас е во групата А заедно со селекциите на Грција и Јордан.

М.П.