Вчера на магистралниот пат Охрид-Прилеп, веднаш на ридот после тунелот над Битола избувнал пожар, а во гаснењето биле вклучени двепротивпожарни единици од овој град, јавува „Тера“.

Командирот на ПП Битола, Костадин Попоски, за овој медиум изјави дека настанат е пожар на тревната површина, на истото место кое пред некоја година беше опожарено.

Засега нема информации дали пожарот зафатил дел од индивидуалните куќи веднаш на патот.

OhridNews