Опожарена гаража и дел од кров од куќа на улица „Момчило Јорданоски“. Пожарот е пријавен во 12 часот и веднаш е интервенирано од страна на ТППЕ Охрид вели командирот Борко Јанкулоски.

Опожарен беше мал дел од кровната конструкција, додека гаражата беше целосно опожарена. Причината за пожарот не е позната, предизвикана е матријална штета која можеше да биде многу поголема доколку не се интервенираше навремено. На терен е интервенирано со две возила и 12 пожарникари, а пожарот е локализиран, вели Јанкулоски.

Н.С.Ј.