Во СВР Охрид, вчера во 13.15 часот било пријавено дека во куќа на ул. „Ристо Крле“ во Струга, сопственост на Ј.Р.(31), настанал пожар од кој биле опожарени повеќе простории во куќата.

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Струга, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Струга.

Пожари се пријавени вчера во стан во скопски Карпош и во две куќи, но според Билтен на МВР, нема повредени лица, а материјалната штета дополнително ќе се утврди.

Во Полициска станица Карпош, вчера во 02.10 часот Д.Н.(63) од Скопје пријавил пожар во неговиот стан на подрачје на Карпош. Пожарот е изгаснат од противпожарната екипа Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Пожар настанал и во куќа во гостиварско село Здуње, сопственост на Р.Ш, а бил пријавен вчера во 11.10 часот во Полициска станица Гостивар. Интервенирала гостиварската противпожарна единица, а увид извршила екипа од Полициска станица Гостивар.

OhridNews