По пријавувањето на пожарот, за кратко време на местото пристигнале 16 пожарникари и сите возила со кои располага охридската Противпожарна единица, кои успеале пожарот да го локализираат и изгаснат околу 23 часот.
Предизвикана е голема материјална штета, а како што информираат од Противпожарната служба, повредени нема.
Се работи на утврдување на причините поради кои избил пожарот. Истиот објект бил опожарен и во 2007 година кога исто така била направена гоема материјална штета.