Претпладнево на улицата „ Момчило Јорданоски“ опожарена е куќа. Пожарот избил во оџакот на објектот по што се проширил и на кровот и зафатил дел од горниот спрат, каде живееле постари сопружници.

Од охридската Противпожарна служба информираат дека во гаснењето на пожарот интервенирале 3 противпожарникарски возила и 9 пожарникари, по што огнот е ликвидиран.

Направена е материјална штета.

OhridNews