Утрово, во 9.34 часот во основното училиште „Григор Прличев“ дошло до опожарување на разводната табла, дел од електричната мрежа во училиштето. Веднаш интервенирале екипи од охридската противпожарна служба по што проблемот е саниран.
Како што објаснуваат од противпожарната служба, до опожарувањето најверојатно дошло поради краток спој и преоптовареност на електричната мрежа и старата инсталација.
Повредени нема, а причинета е материјална штета.
OhridNews