Пожар избувна попладнево во селото Трпејца, кој според првичните информации од Професионалната противпожарна единица од Охрид зафатил две викендички. Како што информираат оттаму, пожарот избил во едната викендичка и ја зафатил соседната. Опожарени се кровните конструкции на двете викендички.

Противпожарната единица од Охрид интервенирала со три возила и десет пожарникари и за брзо време го локализирала пожарот.

Во пожарот нема повредени, а предизвикана е материјална штета, чија висина допрва ќе се утврдува.

Истрагата треба да ги открие причините за пожарот.

OhridNews