
„Многумина се сомневаа дека вакво нешто е можно. Во нормална парламентарна демократија веројатно и не би било потребно. Но, за жал Македонија во овие шест години не е ниту нормална, ниту демократска држава. Токму тој факт и потребата тоа да се смени го направија невозможното и возможно и неопходно”, рече Црвенковски кој истакна дека не било спорно дека станува збро за партии со различни идеологии кои „ за одредени прашања сме имале и сé уште имаме различни ставови и различни позиции”, но дека решиле да се здружат поради „предизвикот со кој денес се соочува Република Македонија е поголем од сите наши меѓусебни разлики”.
Критукувајќи ги активностите на актуелнат авлада на ВМРО-ДПНЕ и ДУИ во секоја општествена област, Црвенковски нагалси дека здрружувањето на овие партии претставува услов за пресврт, за нов почеток, шанса за отворање на нови перспективи. Тоа е причината за создавање на овој наш „Сојуз за иднината”, рече Црвенковски, повикувајќи ги сите невладини организации, здруженија на граѓани, сите поединци, сите оние коишто сакаат да дадат свој придонес и да и се придружат на опозицијата.
извор:„Макфакс“












