Раководството на СДСМ попладнево оствари средба со амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс. На средбата тој бил запознат со натамошните чекори на опозицијата, по ставот на СДСМ и на здружената опозиција за непризнавање на изборниот процес.

„Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, укажа на конкретни примери за системски притисоци врз граѓаните на Република Македанија: поткупи, уцени и закани со дирекна инструментализација на полицијата, непостоечки гласачи во непостоечки влезови на згради и целосна медиумска блокада. Дел од овие системски слабости во Р.Македонија се веќе нотирани во извештаите на американскиот Стејт Департмент. Како еден од последните докази за изедначување на државата со партијата, констатирано и во последниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР, претседателот Заев го посочи непостапувањето на ниту една институција за коруптивниот случај “Македонска банка“ во којшто е директно вмешан премиерот Никола Груевски. Се работи за иднината на слободна и демократска Македонија и СДСМ како најголема опозициска партија има обврска, како и секогаш, да застане повторно зад интересите на граѓаните на Македонија, рече претседателот Заев.“- стои во соопштението. 
 
Во него уште се наведува дека амбасадорот Волерс истакнал дека САД одблиску ги следат случувањата во Македонија.

OhridNews