Охридската локална власт на ВМРО-ДПМНЕ врши притисок врз вработените жени во медицинскиот центар, во образованието, во јавните претпријатија и во општинската администрација да присуствуваат на партискиот настан во Скопје, обвинува СДСМ.
-Се прават списоци со вработени жени од коишто се бара по секоја цена да ги полнат автобусите на Никола Грувски и да се задоволи неговата бројка. Очигледно Никола Груевски жените од Охрид ги смета само за бројка. Ова е потценувачко и навредувачко за нашите сограѓанки, за секоја жена. Во демократски општества со Устав е загарантирано правот на граѓаните за слобода на своето определување и партиско делување. Јавно апелираме сите наши сограѓанки да ги пријават притисоците. За овие злоупореби на државните институции следува одговорност. – се вели во соопштението на општинската организација на опозциската партија.
Според СДСМ притисоците врз граѓаните не можат на му помогнат на Груевски бидејќи тој ја изгубил довербата кај нив.
OhridNews