Владата на Република Македонија, донесе одлука за вработување 200 доктори по медицина, 60 медицински сестри и 20 рендген и лабораториски техничари во сите јавни здравствени установи во државата.

Со тоа и охридската Општа болница, по долго очекување, доби амин од минстерството за здравство за вработување на нов кадар.

Потпаролот од Општата болница, д- р Сашо Василески истакна дека ваквата информација во болницата е примена со големо воодушевување и дека во наредните два дена се очекува и официјалното известување од страна на министерството за здравство околу точниот број на медицински персонал кој ќе може да се прими. – Штом ќе го добиеме известувањето од министерството и деталите околу вработувањата ќе свикаме и прес- конференција на која ќе ја информираме јавноста, изјави за OhridNews, д- р Сашо Василески.

OhridNews