Откако граѓаните покажаа исклучително ниско ниво на сообраќајна култура и несовесност, а апелите на вработените од Општата болница не вродија со плод, оваа здравствена установа презеде порадикални мерки за да воведе сообраќаен ред во кругот на болницата. Во должина на коловозот од управната зграда па се до последниот болнички блок деновиве се поставени физички препреки со цел да се спречи непрописното паркирање на автомобили кои во голема мера го загрозуваа тековното функционирање на болницата.


Општата болница со препреки обезбеди приод до одделенијата


-Се случувало некогаш итни случаи да не можат да бидат пренесени во одделение за да им се укаже неопходната помош затоа што бил блокиран пристапот од паркиран автомобил. За да се избегнат такви и слични несакани ситуации во иднина поставивме препреки на коловозот, информираат од Општата болница.


Тесно грло во Општата болница

Оттаму посочуваат дека имаат сериозен проблем и со жителите од зградите во болничкиот комплекс кои поради немање пристапен пат го користат тој на болницата, со што исто така се создава непотребен метеж. Од општата болница се надеваат дека овој проблем локалната самоуправа наскоро ќе го реши со што ќе се создадат услови за непречено функционирање на болницата.

OhridNews