Владата на 34-та седница донесе одлука на 12 здравствени установи да им бидат доделени 40 инкубатори за интензивна нега. На трајно користење ваква опрема доби и општата болница во Охрид.
Владата ја прифати информацијата за заедничките седници со владите на Република Бугарија и на Република Албанија. Заедничката седница со Владата на Република Бугарија ќе се одржи на 23 ноември, а со Владата на Република Албанија на 2 декември.
OhridNews












