Во знак на поддршка на лицата со ретки болести, комплексот во кој се сместени Стоматолошкиот центар “Д-р Баткоски” и една од ланецот аптеки “Виа Фарм”, во Влашка маала во Охрид, синоќа блесна во боите на ретките.

Кон кампањата за подигнување на свеста за ретките болести се приклучија и вработените на овие опшествено одговорни компании, кои редовно поддржуваат настани од интерес на заедницата и помагаат таму каде што е најпотребно.

Стоматолошкиот центар “Д-р Баткоски” и аптеки “Виа Фарм” снимија и креативен видео спот со кој изразуваат поддршка на лицата со ретки болести, кој е промовиран во месецот посветен на ретките.

Кампањата за подигнување на свеста за лицата со ретки болести трае до крајот на февруари.

Ohridnews